четвъртък, 25 февруари 2010 г.

Македонското национално малцинство во Р. Бугариjа се бори за своите права

Само патем ќе спомена дека Македониjа е постоела 8 илjади години преди Христа (пр. н. е.). Македонскиот народ се гордее со Александар III Македонски и татко му Филип II Македонски. Македонците са библеjски народ од овде тргнува Православиjето. Византиjските императори потекнуваат од македонски родови. Македонците во Османското робство имаат подигнати многу востаниjа. Апогеот на овие востаниjа е Илинденското. Македонците са зборувале и пишувале на македонски jазик уште пред Христа. Тие са дали книжевна писменост и култура на словенските народи, како и православиjето и црковното песнопеене. Македонците си имаат своjа историjа, култура, песни и танци.

Македонците со рагането си са македонци тие си имаат своите идоли во минатото и пеат песни за нив. Сите македонци зборуваат на македонски, но во различните региони зборуваат на своj диалектен македонски jазик. Обичаите им са еднакви оти нивниот произход е македонски. Сите македонци произлегнуваат од еден корен и тие са како браќа по род. Нивната синjа крв е чисто македонска. Во мешавината со други племињjа преземала е врв пак македонската крв. Затоа во жилите на соседните нам народи тече македонска крв. Македониjа и Тракиjа са живеели секогаш во добри соседски односи и никогаш не са водили воjни помеѓу себе си. Кога Македониjа беше во составот на Турската империjа македонците имаа еден враг – турските управници. Соседните државички се развиваа слободно и jакнеле. Но тие засилиjа во Македониjа своите црковни и политички влиjаниjа над македонскиот народ. Бугарите, грците и србите работеа заедно против македонскиот народ. Бугариjа создаде ВМРО (Врховна Македонска Револуционерна Организациjа) во противовес на ВМРО (Внатрешна Македонска Револуционерна Организациjа) на Гоце, Даме и Jане. Бугариjа предложила на Србиjа и Грциjа да jа поделат Македониjа. Вака се роди Балканскиот сојуз – Балканската воjна од 1912 г. Случи се наjстрашното за Македониjа – македонскиот народ попадна под бугарско, грчко и српско робство.

Не можем да одречем дека под притисокот на окупаторските воjски, жандармериjа и администациjа од македонскиот етнос се родиха вака наречените:

1.Бугаромани (приврзаници и поддржници на бугарите за припоjуване на цела Македониjа кон Бугариjа).

2.Србомани или прави срби (приврзаници за припоjуване на Македониjа кон Србиjа).

3.Гркомани, македонци што се грчеат, сакаат цела Македониjа кон Грциjа.

Останатата част од македонската интелигенциjа се бореше за слободата на македонскиот народ. Што стануваше со македонците од Пиринска Македониjа? Теророт и насилството на Ванче Михаjлов поддржан от бугарскиот Царски Дворец, со своите чети тоj малтретираше, убиваше врвот на македонската интелигенциjа, убиваше, грабеше, дори во пешти гореше македонците. Во овоj крвав терор некои македонци (врховисти и бугаромани) приеха бугарски етнитет. Но тие групи луге останаа да си зборуваат на своjот македонски диалект, во своjте села и градови. Тие продолжиjа да си зборуваат на македонски, македонските обичаи не се промениха, продолжиха да си веруваат во Бог со различни вероисповеданиjа, символите на македонското величие останаа, во поведението им остана да беснее горештата македонска крв.

Првата брканица (Балканската воjна) и втората брканица (Меѓусојузничката воjна) создаде несигурност во македонскиот народ од Пиринска Македониjа.

Децата на македонците требуваше да учат не на своjот маjчин македонски jазик, а бугарски и не своjата македонска историjа, а бугарската историjа. Фолклорот си остана македонски, поробителот го прикажа дека тоа е бугарски фолклор. Македонските песни и танци станаа бугарски. Археолошкиот наод на македонците беше прикажан за бугарски. Нашиот етнос има свое сопствено име то е МАКЕДОНСКИ ЕТНОС. Во нашето македонско население постои вербата дека ние сме наследници на Филип II и Александар Македонски III и на Крали Марко. Имаме многу песни за Александар Македонски и Крали Марко кои се пеат и до ден денешен. Нашата родина и прататковина е нашата татковина Македониjа, но не и маjка (маштеха Бугариjа). Чувството за солидарност на македонците од Пиринска Македониjа jе омразата кон бугарскиот, српскиот и грчкиот национализам коj е извршил геноцид врз нас македонците. Затоа македонците го чествуват 12 септември како ден на геноцидот врз македонскиот народ. И затоа македонското национално малцинство во Пиринска Македониjа се бори за своите права. Нашата верба за слободата на македонците од Пиринска Македониjа се засновава врз нашиот општ произход, нашите општи обичаи поради асимилациjата на македонскиот народ. Поради нашето третиране од страна на бугарските националисти. Тепането, логорите, расселуването на македонците во разни краишта на Бугариjа, затвори, и много други насилнички деjствиа од страна на државата Бугариjа. Заемно деjствуване на македонците да се формираат во македонски организации и партиjа стои во основата си македонската крв коjа сака да отфрли насилството над него. Физички и психички ние македонците си jа имаме своjата прилика. Бугариjа не го признава македонското национално малцинство. Она непрекинато нарушава член 27 од Меѓународниот Пакт за граѓански и пилитички права на човекот. Член 27 осигурува заштитата на етничките, религиозните и jазикови малцинства. И трите компонента македонското национално малцинство ги има. Никола Jонков Вапцаров беше создал македонски литературен кружок во град Софиjа. Никола Вапцаров беше растрелан со своите другари оти тиjа беха македонци. По доцна во социалистичка Р. Бугариjа Никола Вапцаров беше обjавен за бугарски поет. Република Бугариjа не го признава македонското национално малцинство оти македонците во Пиринска Македониjа требува да изочуваат македонскиот jазик и македонска историjа. Но тоа не отговара на бугарските националисти кои сметаат дека Македониjа е бугарска. Нашето македонско национално малцинство во Пиринска Македониjа е мнозинство, а во внатрешността на Република Бугариjа е малцинство. Македонците се разликуваат от бугарето. Македонците в Р. Бугариjа се борат да jа зачуваат своjата култура, традиции, религиjа и jазик. Пиринска Македониjа насилнички со воjна е припоена кон Бугариjа. По точно сме поробени (колонизирани) врз нас е извршен геноцид и насилничка асимилациjа во Живковиот период и денес продолжува. Затоа ОМО „Илинден” се обjави за напуштането на бугарските окупаторски воjски, полициjата и т.н. (виш Роженската декларациjа). Македонците имат општа култура, религиjа и jазик, но бугирите не му ги признаваат.

Суштествуването на македонски и помашки етнос не зависи од идеите на бугарските учени како и од буарските историчари фалсификатори, наj малку од политичкиот државен врв на Република Бугариjа, било од премиер, претседател, или Народното собраниjе или од Конституциjата на Република Бугариjа. Има ли обективни критериуми за постоенето на македонското национално малцинство.

На македонците е забрането да се нарекуваат македонци. Македонскиот воевода револуционер Jане Сандански беше убиен од бугарскиот царски двор (од врховистите), оти Jане се бореше за независна автономна Македониjа. Денес Jане Сандански е прогласен за голем бугарин и бугарски револуционер. Македонците се изjавиха во април 1990 г. – Рожен, присоствуваше 17 илиjаден народ на 02.08.1990 г. во с. Оштава конгресот на македонците беше растурен од елитната гарда на Желjу Желев. Присуствуваа 150 делегати македонците беа обкружени од гардjата, полициjата, ДС (Државна безбедност) воjска, вертолети, кучета, автомати и пиштови. Тук беха водачите на македонскиот народ во Пиринска Македониjа. Во 1991 г. на Роженскиот манастир македонците прогониха д-р Петар Берон и свитата му на другата полjана. Во 1992 г. месец април на Рожен главниот обвинител Иван Татарчев (врховист од ВМРО – СМД) издаде заповед на полициjата со 40 джипа да нападнат 10 000 македонски народ, полициjата тепаше народот со електрички пендреци и шутираха стари луѓе, деца и трудни жени... И ако тоа не е македонско национално малцинство, то тогаш тоа е мнозинство.

Во 1994 г. на Самуилова тврдина македонците беа пречекани од тенкова армиjа, полициjа и бугарска безбедност. Тоа говори дека не сме македонско национално малцинство, а македонско мнозинство, македонска нациjа на македонскиот народ.

Рамковната конвенциjа за заштита на малцинствата, приета и ратификувана од Комитетот на министрите, Советот на Европа во 1995 г. Бугариjа непрекинато нарушува чл. 5 на Рамковната конвенциjа како непрекинато задушува развитокот на македонското национално малцинство, како не му дозволуваат да развива своjата самобитна култура, jазик, традиции и културно наследство. Суштествуването на македонско и помашко национално малцинство не зависи од решениjето на коjто и да е државен орган, но по обjктивни критерии. Но во Република Бугариjа обjактивните критерии са табу. По чл. 3 на Рамковната конвенциjа македонците са избрали своjот избор, тие се македонци и ништо друго, ниту срби, ниту бугари, ниту грци. Македонската идентичност во Бугариjа суштествува уште пред да се образувала државата Бугариjа. Етничките македонци са дали на бугарите: jазик, писмена култура, песни и традиции. Ние македонците на туѓите народи на Балканскиот (Македонскиот) полуостров сме дали култура и тие говорат нашиот jазик и пеат македонските песни, играт македонските ора, туѓинците се научили на македонските обичаи, да носат македонските носии. Вака бугарите като множина са приели се от македонците оти тие немаат свои самобитни песни, ора и jазик. Од како са ги прифатили тие кажуваат денес дека се македонското е бугарско. Македонскиот jазик е многу богат и разнообразен со своите диалекти. Многу македонци (бугаромани) кажуваат дека са бугари и ако Пиринска Македониjа не беше окупирана и третирана то сега немаше да има ваква категориjа луѓе бугаромани, а ќе се нарекуваа македонци. Македонскиот народ е много паметен. Некои македонци зборуваат македонски, други бугарски, српски, грчки, некои зборуваат англиски, немски, француски и т.н. Австриjците зборуваат немски, но не са германци. Ако не беше бугарската окупациjа на Пиринска Македониjа „пиринските македонци” ќе имаа истата книжевна самостоjна норама на jазикот како во Република Македониjа, оти ние сме еден и ист македонски народ, но насилнички поделени. Ако денес не ни делеха „телените мрежи” на Беласица и Станке Лисичково ние македонците од Пиринска Македониjа ќе имахме пуна самобитна македонска култура бес мешавина со бугарската. Моjте дедовци и баби не са били во никоjа политичка партиjа, но тие били македонци, затоа и jас сум македонец и не припагам кон бугарската нациjа коjе е политички акт на Руската империjа да стапи на Балканскиот полуостров плашеjки се од возобновуването на Македониjа.

Возможно ли е еден етнички македонец од Пиринска Македониjа да биде сограѓанин на бугарскиот граѓанин (посебно бугароман). Единиот е потиснат, бесправен, другиот е господар и му наредува своjата идентичност. Во Живковиот период другарите от ДС (бугарската безбедност) како и бугароманите со големо сочувство са ми кажували дека jас сум македонецч, но сум бугарин. Кога видат дека сум тврдоглав македонец (ова е една характерна идентификациjа на македонците), после ќе ми речат jас ти се восхитувам на твоjата тврдост дека отстоjуваш своjата македонска идентичност. Во безбедностните среди jас го имам името баj Киро Македонецот. А други ќе ми речат Кириле тоа македонското држ го во срцето си и не го кажувај пред други луѓе. Разсудуваjки врз тоа jас разбрав дека мора да постоиш индивидуа, но без да се организираш во организациjа или партиjа да не ги сакаш своите колективни права на своето македонско национално малцинство во Република Бугариjа. Тиа луѓе кои кажуваат дека глибоко са убедени оти нема македонско национално малцинство во Пиринка Македониjа и Република Бугариjа jас ќе им реча дека глибоко во них е вкарана отровот на антимакедонизмот, врховизмот (неоврховизмот). Тиа сакаат да речат дека по стогодишното насилство врз македонците веќе нема македонско национално малцинство во Република Бугариjа. Геноцидот, асимилациjата над македонското национално малцинство не е сопрело и до ден денеска во Република Бугариjа.

Македонците од ОМО „Илинден” и ОМО „Илинден Пирин” jа осудиjа пет пати Бугариjа во Страстбоург и сега постоjат уште пет дела на македонското национално малцинство во Страстбоург. Сите са по чл. 11 од Европската конвенциjа. Има и оште един член 13 по коj Бугариjа е осудена. Коj им го дава правото на: бугарските националисти, бугаромани, врховисти ( неоврховисти) да определуваат дали има македонско национално малценство во Бугариjа и коj им дава право да насадуваат омраза кон македонците пред всекакви обществени аудитории, по РТВ, во училиштата и вишите учебни заведениjа, студентите. ЕСПЧ (Европскиот суд по правата на човекоот во Страстбоург) нема задолжението да определува каде има и каде нема етничко национално малценство. Република Бугариjа како член на Европскиот сојуз требува сама да си даде самооценка има или нема македонско национално малцинство во Република Бугариjа.

Македонското национално малцинство во Р. Бугариjа и неjзината интелигенциjа создава, твори, пише книги и романи. Еве некои од них:

1.Доктор Костадин Георгиев – „Някои аспекти на великобългарския шовинизъм”, филетизъм или проклятие.

2.Крсте Петков Мисирков – „За македонцките работи”.

3.Крум Солунов Монев (1927-2001 г.) роден во с. Оштава, околиjа Свети Врачко.

А) „Македония моята опора” – три тома в четири части

Б) „Змеят”.

В) „Зловещата 1948 г. за Пиринска Македония” (Албум во споменание).

4.Горги Поп-Атанасов од с. Плоски – „Бибилиjата за Македониjа и македонците”

„Кога сборуваме за минатото на Македониjа ние мислим за неjзината иднина”

5.Васил Дрвошанов – „Идентитетот на гораните, изразен преко говорот”

6.Милан Г. Jовчевски – Мишко – „Сведоци на милениумите”

7.Фросина Ташевска – Ременски – „Македонското национално малцинство во соседните земjи. Современни состоjби”.

8.Иван Г. Сингартийски – „Македониада”, „С рога и копита”

9.Кирил Иванов – „Геноцидот врз македонците” и други статии.

10.Сариса Параос – 1.„Македония над вековете” – първа и втора книга.

2.”Псевдославянската школа на Симеон в Преслав”

3.”Спомени за детството”

11.Кирил Апостолов – „Дневникът на Александър”.

12.Ангел Динев – „Илинденска епопея”

13.Петър Баков – „Тевтерчето на Баков”.

14.Ирена и Мария Воденска – „Раселени записи”.

15.Божидар Кириjанов – 1.”Величието на македонскиот народ”

2.”Од земjата до небото”

16.Георги Христов – „Попътен изгрев” – стихове

17.Славе Македонски – „Тичане след вятъра”, „Щуро племе” и вестник „Пиринска Македония”

18.Теодоси Попов – „Гласът на истината за Македония”

19.Кирил Николов Хаджиев – „Мъртвите не възкръсват” – спомени

20.Борис Христов Петков – „Историческата истина за Македония”

21.Тома Филипов – „Бодили” и др.

22.Кирил Иванов – „The Macedonian minority in Bulgaria on the difficult way for self – determination”

23.Професор –доктор Г.Радулов – „История на Македония – апология на македонизма” и „Кой фалшифицира историята”

Издават се: вестник „Скорнуванье”, в.”Народна волjа”, „Пирински пламен” – додаток на в. „Народна волjа”, „Пиринска камбана”, „Македонски глас” – бюлетин

Пояснениjе:

-мелез – кръвосквернавене (бълг. кръвосмешение) меѓу различни животински видови.

-маска – (бълг. катър) кръвосквернавене меѓу кон и магарица.

-маска – (бълг. муле) кръвосквернавене меѓу магаре и кобила.

-бугарски македонец – таткото е бугарин, мајката е македонка

-македонски бугарин – таткото е македонец, а мајката е бугарка.

-бугароман – македонец, коj jа изгубил македонската совест и прифатил бугарска совест (националност).

-србоман – македонец коj jа изгубил македонската совест и прифатил србска совест (сознание).

-гркоман – македонец коj jа изгубил македонската совест и прифатил елинска (грчка) совест.

-перене на мозоци – (бълг. промиване на мозъци) податливи на перене на мозоци са децата, пубертетните и луѓето со не много голема интелигентност и ум.

-мамелјук – (робски мамелюк) човек коj цел живот се стреми да заеми некоj голем државен пост или министерска фотелjа.

-бугарска безбедност

ДС – државна сигурност (по времето на Комонизмот во Р. Бугариjа до 1991 г.)

НСС – национална служба за безбедност (сигурност бълг.) от 1991-2007 г.

ДАНС –државна агенция за национална безбедност од 2008 г.

-индиjски македонци – това са нашите брака и сестри, циганите доjдени со воjските на Александар Македонски.

-гюпци – цигани (роми) дойдени од Египет.

-ВМРО – во Софиjа – врховна македонска револуционерна организациjа – врховисти що пропагандират бугарски национализам и се борат за велика Бугариjа и са против македонизма

-ВМРО – внатрешна македонска револуционерна организациjа – тоа са македонски борци за слободна, независтна и автономна Македониjа.

-ВМОРО - внатрешна македоно-одринска револуционерна организациjа – борци за слободна Македониjа и Тракиjа против Османската империя (Турциjа).

-пендрек – (бълг.палка) – електрошокова

-Ванче – михаjловисти – близки до царскиот двор на Бугариjа (врховисти за насилничко присоединуване на Македониjа кон Бугариjа)

-Ванче Михаjлов (Радко) – колач и убиец на македонски револуционери. Убивал со цапаница луге по главата, фашист – монархист, пекол живи македонци во пеща на с. Дабница

-санданисти – македонски комити – револуционери, борци за слободна и независтна автономна Македониjа

-Jане Сандански – македонски револуционер, водач на чета, учесник во младотурскиот преврат во 1908 г., убиен 1915 г. от бугарските врховисти.

-неоврховисти – современни последователи на врховистите

- БХК – Бугарски Хелсиншки комитет

-БКП –бугарска комунистичка партjа

Кирил Иванов, 11.10.2009





Няма коментари:

Публикуване на коментар

Последователи