Уредникот на весникот на Македонците во Бугарија Георги Христов речиси три часа бил задржан и испрашуван на граничниот премин меѓу Бугарија и Македонија кај Делчево.
Утринава без никаква причина во обид да прејде на македонска територија уредникот на Народна Воља бил испитуван од 6 припадници на бугарската царина и полициските служби. Детално му била претресен автомобилот, а откако граничните служби не нашле ништо во возилото на ред дошла неговата чанта.
Документите кои ги носел во неа му биле вратени откако сите биле копирани. И покрај тоа што бугарските службеници биле коректни Христов се чуди зошто по долг период тој е мета на полициски контроли како во времето на комунистичка бугарија.
Инцидентот на граничниот премин кај Делчево се случува откако во неколку наврати уредништвото на Народна Воља во Благоевград било мета на закани по животот и безбедноста. Заканувачките телефонски јавувања се уште не се разјаснети од бугарската полициски служби.
петък, 26 март 2010 г.
Абонамент за:
Коментари за публикацията (Atom)
Няма коментари:
Публикуване на коментар